Седуммината тестирани се негативни на коронавирус

15.03.2020 16:51 | KumanovoNews

Министерството за здравство информира дека  резултатите на седумтемина пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус , а на едно лице тестот ќе се повтори.

Седуммината тестирани се негативни на коронавирус

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку Центарот за јавно здравје од Штип.

Пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот ќе се повтори.

Во земјава има 18 лица заразени од коронавирус, од кои 13 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а петмина се во болницата во Дебар.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk