Седумнаесет од новозаболените се од Липково, двајца од Куманово

04.06.2020 11:48 | KumanovoNews

 Од новите 19 случи на коронавирус регистрирани во Центарот за јавно здравје(ЦЈЗ) во Куманово, 17 се од Општина Липково и двајца од Куманово.

Седумнаесет од новозаболените се од Липково, двајца од Куманово

Според директорот Ариф Љативи, новозаболените се од познати кластери, во семејства каде што веќе има позитивни на КОВИД-19.  

„Во Никуштак се 9, Матејче 7 и еден од Ваксинце. Има од сите генерации. Во текот на денот три неши екипи вршат масовни тестирања во селата и планирано е да се направат 100 теста,  доколку жителите прифатат да се тестираат“, вели Љатифи.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да држат социјална дистанца, а доколку почувствуваат симптоми слични на корона да се тестираат ако се позитивни да можат навремено да се лекуваат.

Во Куманово досега вкупно се заразени 500, од кои активни се 85, а оздравени 391.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk