Шеесет апликации за самовработување со неповратни средства

25.01.2016 13:06 | KumanovoNews

Во Центарот за вработување Куманово досега се пристигнати 60 апликации за мерката самовработување со неповратни средства од 3200 евра, за набавка на опрема и репроматеријали за работа.

Шеесет апликации за самовработување со неповратни средства

Од Центарот се задоволни од одзивот и очекуваат уште апликации до истекот на рокот до 29 месецов.

 „Опфатени се сите категории, важно е да има издржана бизнис идеја. По завршување на рокот за аплицирање, ќе има обука и ќе  се направи селекција. Финалните резултати ќе се знаат во месец мај“- вели Милорад Тренчевски, директор на Центарот за вработување Куманово.

Тренчевски додава дека во 2015 година со оваа мерка се отворени 72 фирми во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk