Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се одржи редовна седница на Советот на општина Куманово.
На дневен ред се 22 точки, главно извештаи за финасиско-деловно работење на јавните претпријатија. Истоа така советниците ќе треба да дадат согласност или да го отфрлат предлогот за нови вработување во градинката Ангел Шајче и библиотеката Тане Георгиевски.
1.Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2016 година;
2.Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2016 година;
3.Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2016 година;
4.Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2016 година;
5.Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2016 година;
6.Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2016 година;
7.Извештај за работа со деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2016 година;
8.Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во 2017 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
9.Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2016 година со финансов извештај;
10.Извештај за реализација на Националната програма за јавно здравје за 2016 година;
11.Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година во Јавната општинска установа за деца - Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
12.Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во 2017 година на Јавната општинска установа - Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
13.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 680/5, м.в. Ф.Расје КО Биљановце - Општина Куманово;
14.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2799/1, м.в. Стари Лојза, КО Куманово вон гр.р. - Општина Куманово;
15.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3397/3 м.в. Говедарски пат КО Куманово вон гр.р. - Општина Куманово;
16.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3, м.в. Бејтова Воденица, КО Орашец - Општина Куманово;
17.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 323/2, м.в. Вирови, КО Јачинце - Општина Куманово;
18.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1616/2, м.в. Река, КО Горно Коњаре - Општина Куманово;
19.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1082, м.в. Страна, КО Режановце - Општина Куманово;
20.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- ССТ (сервиси, стоваришта и терцијални дејности) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ 2, дел од УБ 87, за дел од КП 26182/1, м.в. Бединска Река, КО Куманово - Општина Куманово;
21.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- ЗП (зелени површини) во Б3 – големи угостителски единици за дел од УЕ 1, дел од УБ 24 за КП 26085/1, КП 26084/2, КП 26085/2, КП 26085/7, КП 26085/8 и КП 26085/3 - Општина Куманово;
22.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за дел од УЕ „Перо Чичо“, дел од УБ 18 плански опфат меѓу ул. „Ѓорче Петров 1“, ул. „Ѓорче Петров 2“, ул. „1“, ул. „Ѓорче Петров 3“ и граница на пешачка патека – Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk