Шеесет и деветта седница на Совет

04.07.2012 11:27 | KumanovoNews

  Советот на Општината Куманово утре ќе одржи редовна седница.  Според најавите на дел од советниците се очекува жестока седница со бурна расправа по одредени точки на дневниот ред.   

Шеесет и деветта седница на Совет

Дневен ред

1. Предлог Одлука за снимање на седниците на Советот на Општина Куманово и нивно интегрално иметување на локални телевизии;

2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП ‘‘Куманово – гас‘‘ – Куманово за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство;

3. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово – гас‘‘– Куманово од 01.01.2012 до 31.03.2012 година;

4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово од 01.01.2012 – 31.03.2012 година;

5. Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ - Куманово за период 01.01-31.03.2012 година;

6. Годишен извештај на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово;

7. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Североисточниот плански регион 2009 – 2014, за 2011 година;

8. Годишен финансиски извештај за работа на Центарот за развој на Североисточниот плански регион во 2011 година;

9. Извештај за реализација на Програмата за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2011 – та година;

10. Предлог – Програма за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2012 – та година;

11. Предлог – Одлука за работна посета на членовите на Советот на Општината Куманово и Општинската администрација на Општината Куманово;

12. Предлог – Програма за локален економски развој и ИТ на Општина Куманово за 2012 година;

13. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2011 година;

14. Предлог – Оперативна програма за културни манифестации во Општина Куманово за III квартал од 2012 година;

15. Предлог – правилник за утврдување на критериуми за субвенционирање во исклучителни случаеви на трошоци за комунални услуги;

16.  Предлог – Одлука за купување на игралиште за зимски спортови;

17. Предлог – Одлука за давање на времено користење на дел од објектот Караула ‘‘Длабочица‘‘;

18. Предлог – Одлука за утврдување на висина на надоместок за покривање на трошоците за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово;

19. Предлог – Одлука за донесување на  ДУП за дел од У.Е. "Бајрам Шабани",   дел од Урбан блок 55, Плански опфат меѓу ул. "Славиша Вајнер", ул."Иван Mилутиновиќ", крак на ул. "Бајрам Шабани" и ул. "Бајрам Шабани" – Општина Куманово;

20. Предлог – Одлука за донесување на  ДУП за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош",   дел од Урбан блок 64-и, Плански опфат меѓу ул. "Гоце Делчев",  бул."Трета МУБ", крак на ул. "Х.Т.Карпош", ул."Вардарска"  и ул. "Трст" – Општина Куманово

21. Предлог – Одлука за донесување на  ДУП за дел од У.Е. "Трета МУБ",   дел од Урбан блок 49, Плански опфат меѓу ул. "Перо Шварц", ул."Миле Кипра", ул. "Власто Радоњанин" и ул. "Нада Михјалова" – Општина Куманово

22. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Генерален Урбанистички план  за дополнување на примарна сообраќајна мрежа, зони на планирани бензиски пумпни станици за точење на течно гориво – Општина Куманово;

23. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. ‘‘11-ти Ноември‘‘, Урбан блок 67-а, Плански опфат меѓу ул. ‘‘11-ти Ноември“, ул.‘‘Србо Томовиќ“, ул. ‘‘Осоговска“, ул. ‘‘Крушевска Република“ и граница на наменска зона- Општина Куманово;

24. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ ‘‘Стари Лозја‘‘, дел од Урбан блок 11, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Доне Божинов“, ул. ‘‘100“, ул. ‘‘200“, граница на наменска зона и крак  на ул. ‘‘Доне Божинов“ – Општина Куманово;

25. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. ‘‘Тоде Мендол‘‘, дел од Урбан блок 59, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Тоде Мендол‘‘, ул. ‘‘2002‘‘, ул. ‘‘Новопланирана‘‘ и ул. ‘‘2001‘‘ – Општина Куманово;

26.  Предлог – Одлука за  утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за една парцела за КП 14497 г.п 21 за дел од МЗ 11 – ти Ноември, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Пролетерски Бригади‘‘ и ул. ‘‘Црнотравска‘‘ – Општина Куманово;

27. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2012 година

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk