Шеесет и петта седница на Совет

18.04.2017 08:22 | KumanovoNews

Советниците утре ќе расправаат и за новите вработувања во локалните јавни претпријатија и институции

Шеесет и петта седница на Совет

 Советот на општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 16 точки, а советниците ќе расправаат и за новите вработувања во ЈП „Водовод“, ЈП „Куманово – гас“, детската градинка „Ангел Шајче“ и домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Дневен ред

1. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;

2. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;

3. Предлог – Стратешки план за подобрување на меѓукултурното разбирање во Општина Куманово;

4. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

5. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

6. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2018 година во Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;

7. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година во Јавната општинска установа – Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;

8. Предлог- Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 131/6, м.в. Турски Кладенац, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;

9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 926, м.в. Река, КО Орашец – Општина Куманово;

10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2398/1, 2403, м.в. Поток, КО Винце – Општина Куманово;

11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2715/10, м.в. Пуковско, КО Куманово – Општина Куманово;

12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4235, м.в. Дрење, КО Четирце – Општина Куманово;

13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4253/1, м.в. Арапов Кладенец, КО Куманово вон гр.р. – Општина Куманово;

14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1103 и за дел од КП 5058, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;

15. Предлог – Одлука за донесување нa Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Х. Т. Карпош“, дел од УБ 64-м, плански опфат меѓу крак на ул. „Борис Кидрич“, јавен паркинг, КП 14926/2, ул. „Љубе Гачев“ и ул. „Киро Фетак“ – Општина Куманово;

16. Предлог – Одлука за донесување нa Детален урбанистички план за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 13, плански опфат меѓу ул. „Ајдучка чешма“, ул. „Ајдучка Чешма 1“, ул. „Ајдучка чешма 2“ и ул. „Ајдучка Чешма 3“ – Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk