Шеесет и седма седница на Совет

30.05.2012 07:45 | KumanovoNews

 Советниците утре ќе одржат редовна седница на која на дневен ред се 23 точки. Меѓу позначајните е донесување на одлука за одобрување сретства за комуналните услуги на социјално загрозените семејства, извештајот за работа на Полициската станица и состојбите во Водостопанство.  

Шеесет и седма седница на Совет

 Дневен ред

1. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;

2. Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата за развој на социјалната заштита во Општината Куманово 2011 – 2013 година;

3. Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на градско зеленило во Куманово за 2012 година;

4. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2012 година;

5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2012 година;

6. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2012 година;

7. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за периодот Јануари - Март 2012 година;

8. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за период Јануари – Март 2012 година;

9. Извештај за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото тромесечие од 2012 година;

10. Информација за запишување на ученици во I година на средните училишта во Општина Куманово во учебната 2012/2013 година;

11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за составот и начинот на работа на Комисијата за прием на деца и критериумите за прием на деца во ЈОУДГ ‘‘Ангел Шајче‘‘ – Куманово;

12. Предлог – Одлука за ослободување од комунална такса за јавно осветлување;

13. Предлог – Одлука за сечење на физиолошки зрели дрјва кои се наоѓаат на јавно прометни површини на територијата на Општина Куманово;

14. Усна информација од директорот на Водостопанство ‘‘Кумановско – Липковско Поле‘‘ за потребите и можностите за обезбедување на вода за наводнување на земјоделските површини и водоснабдувањето на градот;

15. Предлог - Одлука за донесување на  ДУП за една парцела за КП 24307 за дел од УЕ „Гоце Делчев“ УБ 32, плански опфат на ул. "Бранко Богдански Гуцман" - Општина  Куманово;

16. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за една парцела за КП 18610 г.п 24 за дел од УЕ „Б.С.Гојчо“, УБ 47, плански опфат на ул. “Денко Драганов” -  Општина Куманово;

17. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за една парцела за КП 22054 за дел од УЕ „Тоде Мендол“, УБ 63, плански опфат меѓу ул. “Страшко Симонов”  и ул. “Благој Илиев Гуне” -  Општина Куманово;

18. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за една парцела за КП 22055 за дел од УЕ „Тоде Мендол3, УБ 63, плански опфат на ул. “Страшко Симонов” -  Општина Куманово;

19. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за една парцела за КП 20873 за дел од УЕ „Трета МУБ“, УБ 49, плански опфат меѓу ул. “Народна Револуција” и ул. “Власто Радоњанин” - Општина Куманово;

20. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација за делумно усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП зона Г производство, дистрибуција и сервиси во А1 домување во семејни куќи, за УЕ „Бајрам Шабани“, УБ 58-а во Општина Куманово;

21.  Предлог Одлука за донесување на  ДУП за една парцела за КП 18564 г.п 48 за дел од УЕ „Б.С.Гојчо“, УБ 47, плански опфат меѓу ул. "Вера Которка" и ул. "Перо Чичо" - Општина Куманово;

22. Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општината Куманово за 2012 година од ставка тековни резерви за ангажирање на противпожарни работници;

23. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2012 година

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk