Шеесет и седма седница на Совет на Општина Куманово

18.06.2017 12:00 | KumanovoNews

 Утре советниците ќе ја одржат шеесет и седмата седница на Советот на Општина Куманово.

Шеесет и седма седница на Совет на Општина Куманово

На дневен ред се 8 точки.

1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2017 година;

2. Буџетски календар;

3. Годишен извештај за движење на заразни заболувања за 2016 година на подрачје на Општина Куманово;

4. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на дел од објектот Затворен градски базен со пратечки содржини – Куманово;

5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2017 – 31.03.2017 година;

6. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2017 година;

7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цена на влезници за користење на Отворен градски базен во Куманово;

8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката со која се врши измена на Одлуката со која се определува цена на погребни услуги што ги врши ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk