Шеесет и трета седница на Советот на Општина Куманово

10.03.2017 13:28 | KumanovoNews

 На дневен ред се 18 точки, меѓу кои годишните и финансиски извештаи за работа на неколку институции и јавни претпријатија.

Шеесет и трета седница на Советот на Општина Куманово

Во понеделник ќе се одржи 63. седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред се 18 точки, меѓу кои годишни и финансиски извештаи за работа на неколку институции и јавни претпријатија.

1. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2016 година;

2. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2016 година на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;

3. Предлог –Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;

4. Годишен извештај на Општина Куманово за 2016 година;

5. Предлог – Одлука за утврдување на цени за користење на тениски терени „23 Октомври“ во Куманово;

6. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2016 – 31.12.2016 година;

7. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2016 година;

8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2016 – 31.12.2016 година;

9. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2016 – 31.12.2016 година;

10. Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2016 – 31.12.2016 година;

11. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово 2015 – 2017;

12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4125/2, м.в. Донков Млин КО Куманово – Општина Куманово;

13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4075, м.в. Велешки пат КО Куманово – Општина Куманово;

14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1087, КП 1088 и дел од КП 4562 м.в. Вртача КО Довезенце – Општина Куманово;

15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2985 м.в. Јогупка КО Орашац – Општина Куманово;

16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1935 м.в. Река КО Горно Којнаре – Општина Куманово;

17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- ЛЦ (Локален центар) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ 11-ти Октомври, дел од УБ 38 за КП 9458 – Општина Куманово;

18. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2017 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk