Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се одржи редовна седница на Советот на општина Куманово. На дневен ред се 12 точки.
Дневен ред:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2016 година;
2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2017 година;
3. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2016 година;
4. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2017 година;
5. Предлог – Одлука за давање на долготраен закуп на градежно земјиште КП бр. 12795/284 заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење - Трафостаница ТС10(20) Кв „ТС Гладно поле“ во место викано Гладно поле-Општина Куманово;
6. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2017 година;
7. Предлог – Одлука за усвојување на Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Училиште за основно музичко образование „Панче Пешев“- Куманово;
8. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1118, 1119, м.в. Поток, КО Орашец - Општина Куманово;
9. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4104/1, м.в. Градине, КО Романовце - Општина Куманово;
10. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- ССТ (Сервиси, стоваришта и терцијални дејности) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ Индустрија, дел од УБ 72 за КП 22715 - Општина Куманово;
11. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки урбанистички план за дел од село Карпош Д2- заштитно зеленило во A1- сејeмена куќа за дел од КП 7977/1 - Општина Куманово;
12. Предлог – Одлука за формирање на Координативно тело за заштита од дискриминација
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk