Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во понеделник (26 декември 2016), во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот ќе се одржи седница на Совет.
На дневен ред се 30 точки, а најзначајна е донесување на буџетот за наредната година. Советниците ги разгледуваат и извештаи и програми за работа на јавните претпријатија и институции.
Дневен ред
1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2016 – 30.09.2016 година;
2. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2016 година;
3. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2017 година;
4. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2016 година;
5. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2017 година;
6. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2017 година;
7. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2016 – 30.09.2016 година;
8. Работна програма за 2017 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
9. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2016 – 30.09.2016 година;
10. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2017 година;
11. Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;
12. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2017 година;
13. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2017 година;
14. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за давање на трајно користење на патничко моторно возило сопственост на Библиотека на Општина Куманово;
15. Годишна програма за 2017 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
16. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2017 година;
17. Предлог - Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово;
18. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2017 година;
19. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2017 година;
20. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз за 2017 година;
21. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворен базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2017 година;
22. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на согласност за формирање на паралелки со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2016/2017 година;
23. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2017 година;
24. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2017 година;
25. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2017 година;
26. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2017 година;
27. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "11-ти Ноември" дел од Урбан блок 65-г, плански опфат меѓу ул. "Крсте Мисирков", крак на ул."Крсте Мисирков" и бул."Октомвриска Револуција" – Општина Куманово;
28. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Бајрам Шабани", дел од Урбан блок 55-г и дел од Урбан блок 54, Плански опфат меѓу ул. "Франц Розман", КП 23706, КП 23703/2, ул. "Максим Горки" и пешачка улица – Општина Куманово;
29. Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка “Ангел Шајче” Куманово - претставник од родителите на децата;
30. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2017 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk