Шеесетгодишна кумановка почина од коронавирус

18.05.2020 12:41 | KumanovoNews

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Куманово(60), хоспитализирана на клиниката од 27 април.

Шеесетгодишна кумановка почина од коронавирус

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.

- Скопје 7

- Прилеп 1

Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21 722 тестирања на КОВИД-19.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Струга (59), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51) хоспитализиран на 4 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk