Шеесетина средношколци ќе полагаат екстерни тестови

14.08.2013 12:32 | KumanovoNews

 Учениците од основните и средни училишта, кои не полагале екстерни тестови или поднеле приговори, втора шанса да преполагаат имаат во петок и понеделник.

Шеесетина средношколци ќе полагаат екстерни тестови

Во СОУ „Киро Бурназ“ екстерни тестови ќе полагаат 18 ученици кои од оправдани причини отсуствувале при првото тестирање. Во Гимназија “Гоце Делчев“ ќе полагаат 12 ученици. Во СОУ “Наце Буѓони“ ќе полагаат 13 ученици од македонските паралелки, а во СОУ„Перо Наков“ 16 ученици.

Од основните училишта во “Браќа Миладиновци“ ќе полагаат двајца ученици, а во “Вук Караџиќ“ само едно дете.

Директорите велат дека оние ученици кои воопшто нема да полагаат екстерни тестови ризикуваат да останат без сведителства. Повеќето ученици се оправдале дека поради болест не можеле да дојдат на првото тестирање, а мал дел се одлучиле да преполагаат. Откако ќе заврши екстерното тестирање ќе биде изготвена ранг - листа на која ќе се види дали има отстапување помеѓу оценката од екстерно и оценката која наставникот му ја пишал на ученикот.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk