Шекеринска во посета на касарна во Куманово

12.05.2020 07:20 | KumanovoNews

 Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе изврши увид во активностите кои се изведуваат на објектот во касарната „Боро Менков“ – Куманово наменет за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа - SEEBRIG.

Шекеринска во посета на касарна во Куманово

Од август 2020 година Република Северна Македонија ќе биде домаќин на седиштето на Командата на SEEBRIG - Бригада на Југоисточна Европа.

Во објектот во Куманово во изминатиов период се врши комплетна реконструкција и адаптација со цел непречено функционирање на командниот тим во наредните шест години.

SEEBRIG претставува најзначаен и најкомплексен проект во регионалната Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа на полето на одбраната. Бригадата е формирана во 1999 година со претходно потпишување на договор во Скопје од страна на министрите за одбрана на нашата земја, Република Грција, Република Турција, Република Романија, Република Бугарија и Република Албанија.

(архивска слика)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk