Семафорите пуштени-хаосот поголем

23.06.2010 14:20 | KumanovoNews

Семафорите на крстосницата на улиците „11 Октомври„ ,„Доне Божинов „и „Гоце Делчев„ денеска беа пуштени во употреба. Но, наместо да создадат ред во сообраќајот, на крстосницата владееше вистински хаос.

Семафорите пуштени-хаосот поголем

 Поради паркираните возила на третата коловозна лента на трите улици, возачите не можеа  прописно да се исклучуваат и вклучуваат на крстосницата. Тоа создаваше метеж и застој во сообраќајот, поради што возачите нервозно реагираа и бараа полицијата да интервенира.

 Точно е дека се паркирани возилата на двете улици и покрај постоењето на сообраќајни знаци. Поради тоа настана и хаосот. Ги известивме надлежните во МВР да ги тргна возилата и се надевам дека до утре ќе го сторат тоа. Денеска несовесните возачи ќе бидат толерирани, но од утре ќе се казнува неправилното паркирање и ќе се ослободат зафатените ленти. Доколку не се стори тоа семафорите нема да ќе ги дадат посакуваните резултати- вели Момчило Јовановски, помошник раководител во СУКР.

Проектот е финансиран од буџетот на Општината и чини 1 милион денари. Во истовреме Локалната самоуправа работи на проект за постваување на семафори на булеварот „Октомвриска револуција„. Тука се одвоени средства во висина од 3 милиони денари , а се очекува да бидат пуштени кон крајот на летото.
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk