Семафорот „трепка„ од ушка на менка

25.01.2011 14:35 | KumanovoNews

Речиси цела недела не работи семафорот на главната раскрсница во строгиот центар на градот. Учесниците во сообраќајот речиси и не се израдуваа на новите семафори, а тие почнаа да  забушаваат и да не ја вршат својата функција.

Семафорот „трепка„ од ушка на менка

 Не помина многу откако учесниците во сообраќајот го поздравија нивното поставување. Арно ама задоволството од воспоставениот ред за возачите и пешаците трае повремено, зашто семафорот час работи час не работи.

„Трепка кога ќе му текне, од ушка на менка„ што би рекле кумановските шегаџии.

Нема нема - туку електронската направија на семафорот ќе „цркне„ и ќе се врати хаосот на раскрсницата на која треба да се разминат моторни возила со нервозни возачи и збунети пешаци. Во тој хаос, разбирливо, во воздух постојано виси опасноста од полесна или потешка сообраќајка. Добронамерните критичари меѓу граѓаните се надеваат дека надлежните ќе реагираат со решение за семафорот со малку подолг век на траење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk