Семафорот во спортската сала во Куманово го згрешил датумот, велат од Левица

13.11.2024 20:45 | KumanovoNews

Спортската сала која со месеци беше најавувана за отворање на Денот на градот сепак не се отвори, и покрај потрошените 10 милиони денари на семафорот и милионите потрошени на реконструкција на салата,  велат од партијата Левица.

 

Семафорот во спортската сала во Куманово го згрешил датумот, велат од Левица

Од партијата потсетуваат дека две недели пред 11 ноември беа одобрени уште 134 илјади евра, кои фалат за целосно довршување на салата.

„Дали обидот за собирање на политички поени за една обична реконструкција на сала, која веќе после 5 години се претвара во одисеја, му се одбива од глава на кметот Максо при местење и давање на тендери на несоодветни изведувачи? Патриотот за пред бугарски телевизии, свесен дека ќе ги изгуби следните локални избори измислува тендери и анекси за спортската сала. Народот му порачува на Димитриевски многу брзо ќе има одговорност“, велат од Левица.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk