Семејство откри топла вода во бунар

12.02.2015 16:24 | KumanovoNews

Во бунар на семејството Давитковски во Черкеско село, пред неколку дена се појавила топла вода.

Семејство откри топла вода во бунар

Како што раскажуваат сопствениците, топлата вода почнала да извира минатиот петок, и од ден на ден станувала се пожешка. Поради несекојдневната појава побарале помош од Центарот за јавно здравје Куманово, за да испитаат за што се работи.

На почеток водата беше млака, а секој нареден ден стануваше се потопла. Сега не можеш на раце да ја издржиш. Претпоставуваме дека е околу 90 степени. Тоа е многу чудно затоа што надвор времето е студено. Досега вакво нешто не ни се случило“,- вели сопственичката Драгица.

 Бунарот е стар 30 години и длабок 7 метри, а членовите на семејството со години наназад ја пиеле водата. Бунарот никогаш не пресушувал.

Од Центарот за јавно здравје Куманово денеска земале примероци за анализа од водата и во наредните неколку дена ќе бидат готови резултатите, по што ќе се знае дали во бунарот се појавила термална вода или се работи за нешто друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk