Семејството на исчезнатиот кумановец апелира до граѓаните да помогнат да се најде

28.11.2019 21:57 | KumanovoNews

 Зоран Марковиќ (64) од Куманово е човекот кој пред неколку дена исчезнал од неговиот дом и полицијата трага по него.

Семејството на исчезнатиот кумановец апелира до граѓаните да помогнат да се најде

Според членови на семејството, во саботата околу пладне Зоран излегол од дома од улицата „Ангел Шајче“, во близина на т.н. „Изгоренo школo“ и од тогаш му се губи секаква трага. Тој имал здравствени проблеми и порано се случувало да го нема по ден - два, но се враќал.  Неговите блиски апелираат до граѓаните доколку некој го видел или има информација каде се наоѓа да јави во Полициската станица во Куманово или на телефонскиот број 078/372-098.

Од СВР Куманово, денеска информираа дека од дома се оддалечил З.М.(64). Според пријавеното, тој имал здравствени проблеми и почесто се оддалечувал од домот и се враќал. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk