Семинар за наставници во Куманово

05.06.2014 07:45 | KumanovoNews

Во основното училиште “Крсте Мисирков“ на 18 и 19 јуни ќе се оддржи семинар за математика и природни науки за наставници од одделенска настава, во организација на Биро за развој на образование.

Семинар за наставници во Куманово

Наставниците ќе добијат „Водич за наставници“ со совети за квалитетно планирање и реализирање на часовите и упатство за планирање на наставата во текот на учебната година.

  - Предавачите ќе бидат од Скопје, советници од бирото и наставници кои веќе ја поминале обуката. Се воведува нова програма од септември и наставниците ќе добијат информации за измените и адаптацијата. Вакви обуки ќе има низ цела држава - велат од Биро за развој на образование.

Од учебната 2014/2015 година почнува изучувањето на предметите математика и природни науки според адаптираните наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk