Семинар за занаетчии во Бугарија

24.09.2013 12:32 | KumanovoNews

Од 15 до 18 октомври во Хисар, Бугарија ќе се оддржи семинар за млади претприемачи од областа на занаетчиството.

Семинар за занаетчии во Бугарија

Семинарот е наменет за претприемачи кои имаат брзо отворена фирма која се занимава со занаетчиство.

  Регионалната комора од Куманово ќе си предложи и покани свои луѓе за учество. На семинарот ќе има теми за управување со човечки ресури, мотивирање на работниците, тимска работа, решавање на конфликти и слично - велат од Занаетчиска комора на Македонија.

Семинарот се реализира со предавачи од Германија, односно во соработка со занаетчиска комора од Германија.

                                                          (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk