Шенка Колозова ќе ја добие наградата „Васил Иљоски“ на Денови на комедија во Куманово

04.09.2020 10:49 | KumanovoNews

 Шенка Колозова ќе биде првата актерка којашто ќе ја добие наградата „Васил Иљоски“ која ќе ја додели Центарот за култура „Трајко Прокпиев“ во Куманово, на отворањето на фестивалот Денови на комедија.

Шенка Колозова ќе ја добие наградата „Васил Иљоски“ на Денови на комедија во Куманово

Како што соопштуваат оттаму, по добиена согласност од семејството на Васил Иљоски, од оваа година на Денови на комедија ќе се доделува фестивалска награда „Васил Иљоски“ за особен придонес во културата и актеркста игра од областа на кинематографијата.

„Оваа година сме особено горди што таа награда на отварањето на Фестивалот прифати и ќе ја добие нашата реномирана актерка Шенка Колозова“, велат од установата.

Меѓународниот фестивал Денови на комедија и оваа година и покрај појавата на коронавирусот ќе биде одржан, но под посебен протокол и со намален број на публика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk