Шенка Колозова ја доби наградата „Васил Иљоски“ на Денови на Комедија

29.09.2020 09:57 | KumanovoNews

Наградата „Васил Иљоски“, која од оваа година ќе се доделува на фестивалот Денови на комедија на актери кои дале особен придонес во културата и актерската игра, годинава ја доби актерката Шенка Колозова.

Шенка Колозова ја доби наградата „Васил Иљоски“ на Денови на Комедија

- Ми е многу мило што некој се сетил, мило ми е што се работи за Куманово, што е на еден фестивал на комедија. Мило ми е што најубавите години, младоста ја поминав во Куманово, многу претстави изиграв во театарот, мило ми е убаво ми е, го сакам Куманово,  - истакна Колозова.

Таа прими и постхумна награда за исклучителни достигувања во областа на театарот, за нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Колозов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk