Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Обвинетиот Трајко Бојковски од селото Драгоманце денеска во Основниот суд во Куманово призна три убиства на жени кои ги изврил во периодот од јануари 2025 до февруари 2026, во повеќе села во Општината Старо Нагоричане.
Тој во својот исказ беше доста конфузен и одговараше само со да и не, од што не можеше да се разбере што потврдува, а што негира.
Според обвинението, Бојковски делата ги сторил од ниски побуди и убил 4 жени и се обидел да убие уште 2.
На почетокот тој кажа дека не ја убил Станче Каревска од с. Клечовце, а подоцна истото го тврдеше и за Јанка Антевска. Промена на неговиот исказ имаше и во однос на мотивите на убиставата, па денеска велеше дека тоа го правел поради пари, спротивно од обвинителството кога ги признал убиствата и мотивите кои биле сексуално задоволување. Тој се каеше за сите дела што ги сторил.
„Мислам дека самиот не знаеше кое конкретно кривично дело го негира, а на сите вкрстени прашања одговори потврдно, меѓутоа анализата на ваквата одбрана ќе ја дадам во завршните зборови. Тој кривичните дела ги призна кај јавниот обвинител и за сите кривични дела постојат и други материјални докази со кое се поткрепува обвинението. Начинот на одбрана е негово право. Тој смета дека така ќе си ја олесни состојбата како што слушнавме од вештото лице психијатар, кој во својот вешт наод и мислење смета дека во многу што обвинетиот делува во насока да си ја олесни сопствената положба“, изјави обвинителот Љубомир Лапе.
На рочиштето беше сослушан и проф. д- р. специјалист-психијатар Стојан Бајрактарев, кој кажа дека стои зад она што е наведено во судското вештачење, оти обвинетиот бил пресметлив кога ги извршувал делата, а при изработка на вештиот наод и мислење давал одговори и описи на одредени дејствија дури и за кои не бил прашан, што покажало дека знаел да воочи опасност, да реагира и да избега.
Предлогот на одбраната на Бојковски да му се одреди логопед или толкувач за да биде испитан, затоа што има проблем со говорот беше одбиен, според вештото лице не му треба друго лице за да воспостави комуникација и го разбира македонскиот јазик, а едукативната запостевеност е причината поради која има ограничен фонд на зборови. Вештакот исто така кажа дека Бојковски треба да биде сместен во казнена установа, бидејќи е преметлив и не треба да оди на лекување во здравствена установа, што беше предлог на одбраната.
Мотивите за убиствата се некрофилија, бидејќи за да ги задоволи своите полови страсти, мртвите жени кои од порано ги познавал, главно сами, немоќни и стари, ги напаѓал удирал и давел, па откако ќе ги усмртел ги силувал.
Бидејќи Бојковски со умисла убил повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Завршните зборови се закажани на 6 октомври.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk