„Сертификат за кафе“ – Изложба на Башким Меџити во Куманово

22.12.2021 07:47 | Сузана Николиќ

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот Тетовски Универзитет, Башким Меџити. 

„Сертификат за кафе“ – Изложба на Башким Меџити во Куманово

Организатор и координатор на проектот е Националната галерија на Македонија.

Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата и странство. Активно се бави со сликарство и скулптура. 

Оваа изложба беше презентирана во Националната Галерија, каде што Меџити се претстави со триесетина дела - слики во техника акрил на платно изработени во текот на оваа година.  Апстрактниот експресионизам е правецот во кој го реализира ликовниот израз. Случки од природата, урбаната средина и пејзажите ги пренесува во тоналитет на јарки бои, до смирена бела и контрастна црна. 

Изложбата го носи насловот „Сертификат за кафе” заради триптихот кој е создаден во доба на глобалната пандемија.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена во наредните 15 дена.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk