Шест лица вклучени во програмата за општо-корисна работа во Старо Нагоричане

30.11.2018 11:10 | KumanovoNews

Општина Старо Нагоричане ангажираше 6 лица за помош на старците во извршување на дел од секојдневните обврски.

Шест лица вклучени во програмата за општо-корисна работа во Старо Нагоричане

Програмата општинско-корисна работа како дел од проектот „Креирање можности за работа за сите“ започна со реализација на 1 септември годинава, а ќе трае 28 февруари догодина.

 Ангажирани се 6 невработени лица, активни баратели на работа во Центар за вработување Куманово. Проектот „Еднакви можности за сите возрасти “ е составен од една проектна идеа која се однесува на целната група –стари и изнемоштени лица. Истата има за цел преку развивање на формата посета за стари лица во домашни услови да се пружи психолошка и социјална поддршка како и помош при извршување на секојдневни обврски на старите и изнемоштени лица, организирање на поквалитетно структуирање на времето кои водат кон унапредување на квалитетот на нивниот живот и развој на чувството за припадност во заедницата, - информираат од Општина Старо Нагоричане.

  Прокетот се реализира со поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година.  Програмата Општинско корисна работа е финансирана од страна на Агенција за вработување на РМ (АВРМ) и UNDP. Вкупен буџет за реализација на активностите на проектот изнесува 324.000,00 денари кој е обезбеден од  страна на АВРМ за ангажирање на лицата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk