Шест литри дожд на квадрат наврнаа во Куманово

17.08.2015 08:35 | KumanovoNews

Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 6 литри дожд, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Шест литри дожд на квадрат наврнаа во Куманово

Иста количина на дожд наврна и во Битола. Пообилни врнежи имаше во  Штип каде наврнаа 21 литар,  14 во  Крива Паланка, 13 во Крушево и Охрид,12 во Берово, 9 во Скопје на Зајчев Рид и во Прилеп, 8 во Претор и 7 во Тополчани. Слаби врнежи од дожд имаше во Виница и Лазарополе по 5 литри  на метар квадратен, 4 во Кавадарци, 3 во Тетово и Дебар, 2 во Струмица и по1 литар во Пожаране, Маврово, Демир Капија, Гевгелија и Дојран.

Во Куманово денеска не очекува претежно сончево време со температури до 31 степен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk