Шест нови случаи на ковид-19 во Куманово

18.12.2021 22:45 | Сузана Николиќ

По компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, во болнички услови починаа 7 пациенти, а од  3.814 тестови регистриран е 301 нов случај на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. 

Шест нови случаи на ковид-19 во Куманово

Регистрирани се 2 починати лица од Битола (79г и 90г) и по едно починато лице од Скопје (73г), Штип (35г), Охрид (90г), Крива Паланка (91г) и Делчево (64г).

Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 147, Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – 10, Делчево и Валандаво – по 9, Штип – 8, Велес и Гевгелија – по 7, Куманово и Струмица – по 6, Кичево – 5, Неготино, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка , Радовиш и Виница – по 3, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Берово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 192 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Битола – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Кочани – по 9, Велес и Гевгелија – по 6, Неготино – 5, Куманово и Ресен – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Тетово, Прилеп , Свети Николе , Кратово, Богданци и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на ковид-19.

Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 221.095, оздравени се 207.755,  починаа 7.801, а активни болни се 5.539.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 96907, Активни 2632
Куманово 13051, Активни 155
Тетово 11393, Активни 85.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk