Шест новозаболени од коронавирус во Куманово

29.04.2020 14:15 | KumanovoNews

Во Куманово во изминатото деноноќие се регистрирани шест нови случаи на заболени од коронавирус.

Шест новозаболени од коронавирус во Куманово

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје 19, Тетово 3, Струга 9, Битола 4 и Гостивар 3.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова, вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатиот ден направени се 279 теста, а досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на КОВИД-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk