Шест пожари во изминатото деноноќие

07.08.2012 12:03 | KumanovoNews

 Во последниве 24 часа Противожарната единица од Куманово локализирала шест пожари.

Шест пожари во изминатото деноноќие

Кај Стара Бања во вилата имаше мал пожар во бањата, но изгаснат е многу брзо. Во село Стрезовце интервениравме на куќа. Имаше запалени стрништа во Романовце и кај каменолом Краста. Во Ваксинце гореше дабова шума и беа зафатени десет хектари површина. Сточна храна се запалила на улица “Доне Божинов“ лево од населба Средорек. Се работи за 300 бали слама  - велат од Противпожарната единица Куманово.

Во сите пожари е причинета материјална штета.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk