Шест пожари во Куманово

04.09.2015 08:36 | KumanovoNews

Вчера во Куманово и околината имаше шест пожари.

Шест пожари во Куманово

Територијалната противпожарна единица Куманово, интервенираше во атарот на село  Долно Којнаре, во место викано Палестина на опожарена сува трева од 9.50 до 10.30 часот.

Од 10.30 до 11.40 часот интервенирано е на Никуљски пат на опожарена сува трева.

На потегот помеѓу селата Стачковце и Орашац интервенција на опожарена сува трева и нискостеблеста шума со површина од околу 30 хектари, имаше во 12.10 часот . Дежурната екипа го гаснеше огнот со 2 возила до 17  часот.

Во населбата Иго Тричковиќ интервенирано е на опожарена сува трева од 13. 25 до 14. 25 часот.

­Интервенција имаше и на опожарена сува трева во атарот на село Проевце, место викано  Бејтови ниви од 14.25 до 15.10 часот.

­Во атарот на село Горно Којнаре гореше опожарена сува трева и стрниште од 15.45 до 17.50 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk