Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шестмина кумановци во изминативе три месеци реагирале до Агенцијата за електронски комуникации незадоволни од услугите на мобилните оператори.
Три барања се за решавање на спор во однос на операторот T-Mobile, две барања во однос на операторот ONE и едно за операторот VIP. За сите нив е почната постапка за решавање на спор според член 53 од Законот за електронски комуникации. Четири постапки се завршени, а две се сеуште во постапка на решавање - изјави Владимир Ристевски од АЕК.
На ниво на држава за три месеци се поднесени 305 барања за решавање на спорови во областа на комуникациските услуги.
Граѓаните ако имаат забелешки за одреден оператор можат да поднесат приговор кај нив, а ако не се задоволни од одговорот треба да поднесат барање за решавање на спор во АЕК.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk