Шеста седница на Советот на Општина Куманово

10.03.2022 11:36 | Сузана Николиќ

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневеен ред се 26 точки,  меѓу кои завршна сметка на буџетот, финсиски и извештаи за работа и др. 

Шеста седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред:

1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
2. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2021 година;
3. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2021 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовник за користење на услугите на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2021 – 31.12.2021 година;
6. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2021 година;
7. Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2021 година;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на
Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
9. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ - Куманово за период од 01.10.2021 – 31.12.2021 година;
11. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2021 година;
12. Извештај за реализација на Годишна програма на ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2021 година;
13. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2022 година;
14. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
15. Годишен извештај на Општина Куманово за 2021 година;
16. Буџетски календар;
17. Извештај за извршениот годишен попис во Општина Куманово со состојба на 31.12.2021 година;
18. Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
19. Предлог - Одлука за отпис на парични побарувања од сметката на Буџетот на Општина Куманово;
20. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општината Куманово;
21. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;
22. Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2022 година;
23. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување на Градоначалник на Општина Куманово за потпишување на документација по проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ согласно договор за заем од Европска инвестициона банка;
24. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
25. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
26. Предлог – Одлука за донесување на техничка исправка за ГП 2.24 и 2.28 во ДУП за дел од УЕ „Проевце“, УБ 23А – Општина Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk