Шестгодишното девојче само со автобус отишло во Скопје, велат од МВР

15.04.2025 11:16 | KumanovoNews

Шестгодишното девојче, кое вчера беше пријавено за исчезнато, само со автобус заминало во Скопје. Таму билo забележанo од случаен минувач, кој пријавил во полиција.

Шестгодишното девојче само со автобус отишло во Скопје, велат од МВР

„Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центарот на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање дома, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач“, соопштуваат од полицијата. 

Мајката вчера во 15.00 часот во СВР Куманово,  пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот, по што започна акција за негово пронаоѓање.

Неофицијално, девојчето од населбата Гоце Делчев дошло со автобус до постојката кај Кумановскиот суд. Тука влеглса во автобус за Скопје, и излегла кај трговскиот центар „Ист Гејт“, каде и била пронајдена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk