Шестмесечно бебе од Куманово заразенo со морбили

23.01.2018 18:02 | KumanovoNews

Шестмесечно бебе од Куманово заразено e од мали сипаници или морбили.

Шестмесечно бебе од Куманово заразенo со морбили

„Бебето е на 6 месечна возраст, кое заради возраста сè уште не е вакцинирано и не подлежи на вакцинација. Тоа е во добра општа состојба. Заразен е и 40 годишен маж од Скопје. За двата случаи не постои податок за епидемиолошка поврзаност, како и податок за контакт со заболен од морбили“,- велат од Министерството за здравство.

Во 2017 година во Македонија имало 20 заболени од морбили.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk