Шестмина новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово

18.05.2021 17:03 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.704 тестирања.

Шестмина новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 259 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Куманово – 25, Битола – 21, Тетово и Струмица – по 10, Виница – 9, Прилеп – 8, Штип – 7, Кичево – 6, Велес – 5, Гостивар – 4, Ресен, Радовиш и Дебар – по 3, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Неготино, Берово и Пробиштип – по 2, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 2 починати лица: 1 лице од Скопје (67г) и 1 лице од Кавадарци (80г). Од пријавените, двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68298, активни 1312

Куманово 8784, активни 303

Прилеп 8272, активни 160

Тетово 7194, активни 116

Битола 6271, активни 214.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk