Шестмина новозаболени и седуммина оздравени од коронавирус во Куманово

09.09.2020 14:16 | KumanovoNews

 Шест нови случаи и 7 оздравени пациенти од вирусот ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Шестмина новозаболени и седуммина оздравени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа направени се 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје 24, Струга 9, Куманово 6, Дебар и Гостивар 4 и др.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44), пациент од Гостивар (58) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје 8, Куманово 7, Штип 4, Крива Паланка 2...

Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk