Шестмина повредени при судир на два автомобили во Куманово

14.03.2025 17:57 | KumanovoNews

Шест лица се повредени, меѓу кои и четворица полицајци при судир на два автомобили во Куманово.

 

Шестмина повредени при судир на два автомобили во Куманово

Сообраќајката се случила  синоќа во 19.30 часот на крстосница од улиците „Благој Илиев Гуне“ и „Страшко Симонов“ во Куманово, помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(38) од Куманово и патничко моторно возило „голф“ сопственост на МВР.

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ. и неговиот сопатник Б.А. (45) и четири полициски службеници од возилото на МВР. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk