Шестнаесети по ред „Денови на мед“ во Куманово

22.09.2015 13:29 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово во четврток, петок и сабота ќе се одржува саемот “Денови на мед“.

Шестнаесети по ред „Денови на мед“ во Куманово

Саемот го организира пчеларско друштво “Пчела„, под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски. Мед, пчелни производи и опрема за пчели ќе изложат 15 производители. Саемот ќе биде свечено отворен во 10 часот, а во 12 часот во просториите на друштвото ќе има трибина за органски мед, на која предавач ќе биде претседателот  на “Пчела“, Бранко Тасевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk