Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицијата и семејството интензивно трагаат по Драган Цветковски (59) од Куманово, кој завчера напладне исчезнал од својот дом во населбата „Гоце Делчев„.
Полициски инспектори со кучиња трагачи го пребаруват реонот на селото Проевце, а семејството бара и во другите делови на градот.
„Последен пат е виден околу 14.30 часот на Градскиот кеј како шета покрај реката, а потоа се јави човек кој тврдеше дека за малку ќе го удрел со кола кај Зелениот пазар. Се проверуваат двете места, но засега нема резултати. Ќе бараме да се прошири истрагата и во соседните градови. Апелирам до сите граѓани кои имаат вградено видео камери на своите куќи или деловни објекти да проверат дали го има на видео снимките и да ни помогнат во потрагата. Јас сум оптимист и верувам дека ќе го најдеме, - вели член на семејството Цветковски.
Драган излегол од дома во понеделникот околу 13 часот и потоа му се губи секаков траг. Бил виден во близина на рестораните „Бела Дона“ и „Корнер“, а потоа и на градскиот кеј. Поради здравствени проблеми не знае да се врати дома.
Се молат граѓаните доколку го забележат несреќниот човек да пријават во полиција или на телефонскиот број 071/559-608. Драган е висок околу 180 сантимерти, со црна коса. Облечен е во сива јакна, темно кафени пантолони со сива капа на главата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk