Сеуште трае увидот - станарите заглавени во своите домови

26.09.2016 09:11 | KumanovoNews

Полициско-судски екипи сеуште вршат увид во зградата на булеварот Октомвриска револуција, каде што утринава беше пронајден застрелан маж.

Сеуште трае увидот - станарите заглавени во своите домови

Влезот е блокиран и во него не можат да влегуваат и излегуваат станарите, меѓу кои и кумановскиот градоначалник. Врие од полиција околу зградата.

Неофицијално застреланиот маж е на 60-годишна возраст. Тој е пронајден во ходникот помеѓу првиот и вториот кат, а до него било пронајдено и оружјето од кое било пукано.

Се испитува дали се работи за убиство или самоубиство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk