Североисточниот регион ќе се гасифицира

30.05.2011 16:07 | KumanovoNews

 Претставници од најпознатата фирма за гасификација „ЦПЛ - Италија„,која што врши испорака и снабдување со гас  на домаќинства во повеќе од 360 општини во Италија е заинтересирана да инвестира во Североисточниот регион.

Североисточниот регион ќе се гасифицира

Пред неколку дена во Општина Старо Нагоричане се одржа презентација и прибирање на информации за можна изградба на гасовод за дел од Североисточниот регион, во општините: Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце, Кратово и Липково.

Посетата и презентацијата на проектот се организираше на иницијатива на нашата општина, преку фирмата застапник на ЦПЛ за Балканот „Интерсер експорт“ Белград. На презентацијата учествуваа стручни луѓе од Одделенијата за урбанизам и Локален eкономски развој од петте заинтересирани општини и директорот на Североисточен плански регион, каде ги изнесоа своите податоци и проекти кои ги имаа за нивните општини-вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    Фирмата „ЦПЛ - Италија„ до средината на јуни ќе излезе со сопствен предлог и техничко решение за гасификација на целиот регион. Со оваа можна инвестиција Североисточниот регион ќе биде прв во Македонија што ќе се гасифицира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk