Североисточниот регион ќе се развива по словенечко искуство

15.03.2011 08:55 | KumanovoNews

 Градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Кратово,Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и претставници од Центарот за развој на североисточниот плански регион се вратија со позитивни искуства од работна посета од регионот Литија од Словенија.

Североисточниот регион ќе се развива по словенечко искуство

Размената на идеи и можност за соработка помеѓу двата региони создва предуслови за развој на североисточниот регион.

"Нивните проекти во кои учествуваат локалните власти,невладините организации и бизнис заедниците може да се применат и кај нас, особено за развој на помалите општини.Регионот Литија,има десетгодишно искуство во реализација на проекти  од областа на руралниот развој, за кои користи средства од европските фондови.Кај нас е донесен законот за рурален развој, но потребно е донесување на подзаконски акти што ќе овозможи, формирање на групи, составени од локални власти, бизнис заедница и здруженија"-вели Атина Мургашанска,заменик раководител на центарот.

Проектите обработуваат различни области,почнувајќи од културата, спортот, па до користење алтернативни извори на енергија и развој на локален туризам.Разликата со планските региони од Македонија и Словенија е функционирањето на локални акциони групи.

Регионот Литија и Североисточниот плански регион ќе продолжат со соработка преку взаемни посети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk