Североисточниот регион да ги следи индустриските промени

30.06.2018 10:37 | KumanovoNews

Бизнисмените од Североисточниот регион, како и сите други во државата треба да ги следат промените на глобално ниво и да се прилагодат на индустриската стратегија со ЕУ, за да бидат конкурентни на пазарот.

Североисточниот регион да ги следи индустриските промени

Ова беше заклучено на работилницата „Ревизија на индустриска политика 2018-2028“, што ја организираше Министерството за економија во Куманово.

 „Светската економија се заснива на смарт фабрики, на циркуларна економија, на зелена индустрија, роботика, на развиени софистицирани ајпи системи. Тоа е она што  треба повеќе да го вретнеме во стратегијата за индустриска политика во РМ. Присуството на бизнисмените ќе го искористиме да отвориме дискусија и да откриеме кои се потребите на малите и средни претпријатија, да видиме дали мерките се добро дизајнирани не само за оваа индустриска политика, туку воопшто, за да Министерството за економија ги види и ги проектира новите програми за 2019 година. Да ги прилагодиме за потребите на бизнис секторот, бидејќи дел се застарени и треба да се сменат“, - изјави Зоран Павловски, државен секретар во Министерството за економија.

Индустриската стратегија на ЕУ се заснива на 5 столба: мали и средни претпријатија, иновативни индустрии и техники, вработувања, зелени економии и извозно ориентирани претпријатија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk