Североисточниот регион најдепресивен

05.12.2014 12:56 | KumanovoNews

На ранг-листата на македонските региони според економските услови и шансите за работа најдепресивен е североисточниот регион, а најразвиен скопскиот. Куманово и околината имаат најмалку инвестиции и најмногу невработени

Североисточниот регион најдепресивен

Крајниот северо-исток од земјава е апсолутно и најдепресивниот регион според економските услови и шансите за работа, пренесува порталот Призма.

Од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, од осумте критериуми, овој регион има освоено најмногу последни и претпоследни места. Североисточниот регион во кој спаѓа и вториот најголем град во земјава, Куманово, е дефинитивен рекордер според два клучни критериуми – стапката на вработеност единствено овде е пониска од 30%, а стапката на невработеност единствено овде е повисока од 40%. Поточно, вработеноста изнесува едвај 29,9% (за споредба просекот во земјата е 40,6%), а невработеноста изнесува 44,9% (просекот е 29%). И просечната плата од 16.398 денари е втора најниска во земјата. Ниски се учеството во создавањето на бруто-домашниот производ, новоизградените станови и бројот на издадени дозволи по жител. Убедливо најниски се инвестициите во основни средства, како и процентот на користење на интернет. За споредба, овој регион е за двојно полош од водечкиот, скопски, регион според вкупно освоените бодови по сите критериуми. Во североисточниот регион спаѓаат општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричене.

 На ранг листата, прв е скопскиот регион, па југоисточниот, полошкиот, пелагонискиот, југо-западниот, вардарскиот и последен северо-источниот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk