Североисточниот регион поблиску до европските проекти

23.03.2016 14:11 | KumanovoNews

Центарот за плански развој на Североисточниот регион-Куманово е еден од десетте регионални центри во југоисточна Европа, кој потпиша договор за соработка и формирање на конзорциум на развојните агенции во југоисточна Европа.

Североисточниот регион поблиску до европските проекти

Центарот е единствен претставник од Македонија.

„Новиот конзорциум се формира заради заеднички настап пред институциите и фондовите на ЕУ и реализација на заеднички проекти. Соработката ќе овозможи користење на заеднички капацитети и експерти на агенциите, аплицирање кон фондовите на ЕУ и размена на искуства. И општините од нашиот регион ќе имаат можност самостојно да соработуваат со развојните агенции од споменатите земји на заеднички проекти, - вели Младен Протиќ, директор на СИПР Куманово.

Договорот мината недела во хрватскиот град Пазин го потпишале центрите од: Развојниот центар „Срце на Словенија„ од Литија Словенија, Центарот за плански развој на сероисточниот регион Куманово, Агенцијата за регионален развој на Автономната покраина Војводина од Нови Сад, Војводина,Регионална развојна агенција за Бјеласица, Комови и Проклетије од Беране, Црна Гора, Регинална развојна агенција за Хецеговина од Мостар, БиХ, Саревска регионална развојна агенција од Сарево БИХ, Албанска развојна агенција за вложување во Крује Албанија и Регионалната развојна агенција „Срце Истре„ од Дубровник, Хрватска.  

Во североисточниот регион се општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце, кои ќе можат да остварат соработка со центрите од наведените региони. 

foto. Glas Istre

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk