Си замина камионот-пиљара

06.09.2013 14:16 | KumanovoNews

 Попладнево сопствениците дојдоа по камионот кој три месеци стоеше на тротоар.

Си замина камионот-пиљара

По пишувањата на “Кумановоњус„ дека камион без регистарски таблички три месеци го узурпира тротоарот на улица “Братство - Единство“ пред музичкото училиште “Панче Пешев“, денеска сопствениците го отстранија камионот. Ова товарно возило летоска служеше како пиљара за бостан, но по завршување на сезоната остана на тротоарот. Граѓаните, вработените во дописниот центар и музичкото училиште побараа од Полицијата и надлежните да интервенираат и да го тргнат камионот.

 Тротоарот конечно ја доби својата функција за пешаците, но останува уште да се асфалтира па среќната приказна да биде комплетна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk