Силјановска-Давкова го посети Куманово

27.04.2019 07:59 | KumanovoNews

Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, вчера беше во посета на Куманово, каде оствари средби со голем број граѓани.

Силјановска-Давкова го посети Куманово

Го посетивме соборниот храм Св. Никола во Куманово, во овие празнични денови да се обединиме, да ја почитуваме традицијата, културата и религијата. Неформални средби со граѓани на кои истакнат беше фактот дека Куманово е единствена општина каде што уште од комунизмот една партија владее во градот. Затоа градот е на ниско ниво на развој, младите бегаат и не се решени основните инфраструктурни потреби, вели Силјановска.

 Таа додава дека се повеќе расте поддршката во секое посетено место, луѓето се охрабруваат и го најавуваат падот на оваа ненародна влада преку победа на претседателските избори на 5 мај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk