Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Силна детонација утрово ги разбуду кумановци кои живеат на булеварот „Октомвриска револуција„.
Според кумановската полиција се работи за експлозија на гас која ја предизвикала петарда. Инцидентот се случил во 4 часот утрово на градскиот кеј, кога непознато лице фрлило запалено пиротехничко средство-топовки удар, на шахта низ која поминува гасоводната мрежа на ЈП „Куманово-гас„. Бидејќи во шахтата се испуштале дозволени количини на гас дошло до силна експлозија од која летнал капакот на шахтата. Не е предизвикана матерјална штета.
Полицијата извршила увид на лице место и работи на откривање на сторителот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk