Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во организација на здружението „Јустиција“ во Куманово, денеска се одржа марш за родова еднаквост.
Според претседателката на здружението, Оливера Доцевска, годинешниов марш е симболичен, поради општествено-политичките случувања во државата. Затоа членките се собраа во помал број и оставија бели цветови пред споменикот Жена Борец, во знак на почит кон сите оние кои дале придонес за родовата рамноправност.
„И оваа година протестираме за родова рамноправност во поделбата на политичките функции, еднаков број на министерски места, еднаков број на градоначалнички места, за правото на сите жени на работа, бидејќи се уште има жени на кои им се забранува да работат.Исто така протестираме за еднакви плати меѓу жените и мажите“- рече Доцевска.
Таа додава дека едно од правата, за кое се залагале претходните години, правото на избор на жените сами да одлучат кога ќе заминат во пензија е исполнето.
Маршот се организира трета година по ред.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk